Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ќе ги ревитализира и модернизира мавровските електрани "Вруток" и "Равен", што е дел од големиот проект Ревитализација на шест хидроелектрани - втора фаза". Компанијата веќе потпиша договори со австриската компанија "Андриц хидро" и словенечката "Етра колектор", а вредноста на договорот за ревитализација и модернизација на генераторите изнесува 18.68 милиони евра, а за трансформаторите 2.77 милиони евра. Австриската компанија ќе работи на замена и на зголемување на моќноста на четирите генератори во ХЕ "Вруток", замена на високонапонските кабли, како и на замена на системите за подмачкување во ХЕ "Равен". "Етра колектор", пак, ќе изврши замена на шест енергетски трансформатори во ХЕ "Вруток" и замена на три енергетски трансформатори во ХЕ "Равен". Финансирањето на овие активности е преку заем од КфВ банка за кој е веќе потпишан договор во Министерството за финансии кон крајот на 2010 година.
Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) ќе ги ревитализира и модернизира мавровските електрани "Вруток" и "Равен", што е дел од големиот проект Ревитализација на шест хидроелектрани - втора фаза".
Компанијата веќе потпиша договори со австриската компанија "Андриц хидро" и словенечката "Етра колектор", а вредноста на договорот за ревитализација и модернизација на генераторите изнесува 18.68 милиони евра, а за трансформаторите 2.77 милиони евра.
Австриската компанија ќе работи на замена и на зголемување на моќноста на четирите генератори во ХЕ "Вруток", замена на високонапонските кабли, како и на замена на системите за подмачкување во ХЕ "Равен". "Етра колектор", пак, ќе изврши замена на шест енергетски трансформатори во ХЕ "Вруток" и замена на три енергетски трансформатори во ХЕ "Равен". Финансирањето на овие активности е преку заем од КфВ банка за кој е веќе потпишан договор во Министерството за финансии кон крајот на 2010 година.
Како што информираат од ЕЛЕМ, придобивките од овие зафати ќе го зголеми достапниот енергетски производствен капацитет на ХЕ "Вруток" од 168 МВА на 184 МВА (мегаволт-ампери), можноста за дополнително производството на еколошки прифатлива електрична енергија до 50 гигават часови годишно, како и подобрување на ефикасноста. Дел од придобивките е намалување и на загубите кои се претвораат во поголем потенцијал за производство на електрична енергија, како и заштеди во трошоците за одржување.
Генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, по попишувањето на договорите посочи дека со реализацијата ќе се добие комплетно модернизирана хидроелектрана, со четири нови блок-трансформатори и четири нови генератори. Проектот со чија реализација се продолжува животниот век на хидроелектраната "Вруток" се очекува да заврши во мај 2014 година.
Инвеститорите, пак, ветија дека активностите ќе се реализираат со предвидената динамика и првиот, нов блок генератор-трансформатор во ХЕ "Вруток" ќе биде пуштен во погон во јуни догодина. Последниот четврти блок генератор-трансформатор, ќе биде пуштен во погон во мај 2014 година, кога и официјално ќе финишира проектот.
Се предвидува во енергетските проекти на ЕЛЕМ да бидат и опфатени хидрокапацитетите "Врбен", "Шпилје", "Глобочица" и "Тиквеш", а од вкупните предвидени инвестиции во износ од 31.8 милиони евра за ревитализација на шесте хидроелектрани, најголемиот дел доаѓа од кредитот од КфВ банка во висина од 27,1 милиони евра, додека преостанатите 4,7 милиони евра се обезбедени од сопствени средства на ЕЛЕМ.